уторак, 22. мај 2012.

Тридневен ориентационен натпревар Струмица ОПЕН ! ! !

Orienteering club ,,EDELVAJS'' 
Струмица ОПЕН 2012

Категорија М/Д16 - Градски Парк СТРУМИЦА   
Св.Илија 
Категорија М/Д16 - Св.Илија
,,ЕДЕЛВЈАС''  

Се одржа тридневен ориентационен натпревар во Струмица(Македонија) натпреварот беше одржан во период од 18,19,20 Мај.
Воедно имаше многу натпреварувачи не само од Македонија туку и од други Држави.Исто така помеѓу сите натпреварувачи бев и јас,јас се натпреварував во категоријата М-16 во која имаше уште 9 други натпреварувачи.Првиот ден односно 18.05.12(Петок)беше одржана ноќна трка во градскиот парк на Струмица,на која го заземав 4-то место.Вториот ден односно на 19.05(Сабота) исто така натпреварот се одржа во градскиот парк на Струмица,но беше одржан попладне.Вториот ден стазата беше SPRINT со должина 1,5 км. и ја завршив за 11м : 00с , и се пласирав на 4то место , а мојот другар Методи Белчовски стазата односно патеката ја заврши за 8м : 52с , со тоа што се пласира на 1-во место.
Третиот ден 20.05(Недела)натпреварот беше одржан на манастирот Св.Илија во Струмица,стазата беше MIDDLE со должина 2,4 км. која ја завршив за 62м : 25с ,со тоа што го добив Методи со цели 6 минути.
Резултатите од 19 и 20 односно (Сабота и Недела)се собираа заедно.
Јас вкупно имав 73м : 25с и се пласирав на 1-во место, а на второто место  беше мојот другар Методи Белчовски кој вкупно имаше 76м :57с . 
Натпреварите беа одлично организирани благодарение на Ориентациониот  клуб ,,ЕДЕЛВАЈС'' од Струмица кој го води искусниот РИСТЕ КИРОВ.

петак, 4. мај 2012.

Targoviste,Bugarija



 На натпреварот по ориентација во Тарговиште,Бугарија кој се одржа во период од 28.04.12 - 01.05.12 учествував и јас.Јас се натпреварував во категоријата М16,исто така во мојата категорија имаше уште 1 натпреварувач од Македонија и уште 23 натпреварувачи од различни држави.На натпреварот  во (Sprint) патеката која беше долга 2.7 км. со 16 контролни точки,и ја завршив за 21м:50с и успеав да се пласирам на 16-то место од 24 натпреваривачи.Исто така наредниот ден имавме стаза (Middle) долга 4.1 км. со 23 контролни точки која ја завшив за 44м:19с и успеав да го добијам мојот другар Васко Илиев а воедно и успеав да бидам на 9-то место.Последниот ден односно 01.05 имав стаза (Long) која беше долга 8.2 км. со 25 контролни точки, јас ја завршив за 1ч:42м:30с , а мојот другар Васко ме доби со 2минути.На патеката (Long) јас се пласирав на 18-то место а Васко беше на 17-то.Стазите не беа многу напорни но проблемот беше во тоа што јас згрешив најмногу на последниот натпревар што беше одржан на (01.05), со тоа што се збунив најмногу на петтата ( 5 ) контролна точка и на неа изгубив цели 19минути.Мислам дека можев да ја завршам стазата и за подобро(пократко време)со тоа што ќе бев подобар од другите но тоа е тоа никогаш не се знае,и се надеваме на подобри резултати на идните натпревари.