петак, 4. мај 2012.

Targoviste,Bugarija



 На натпреварот по ориентација во Тарговиште,Бугарија кој се одржа во период од 28.04.12 - 01.05.12 учествував и јас.Јас се натпреварував во категоријата М16,исто така во мојата категорија имаше уште 1 натпреварувач од Македонија и уште 23 натпреварувачи од различни држави.На натпреварот  во (Sprint) патеката која беше долга 2.7 км. со 16 контролни точки,и ја завршив за 21м:50с и успеав да се пласирам на 16-то место од 24 натпреваривачи.Исто така наредниот ден имавме стаза (Middle) долга 4.1 км. со 23 контролни точки која ја завшив за 44м:19с и успеав да го добијам мојот другар Васко Илиев а воедно и успеав да бидам на 9-то место.Последниот ден односно 01.05 имав стаза (Long) која беше долга 8.2 км. со 25 контролни точки, јас ја завршив за 1ч:42м:30с , а мојот другар Васко ме доби со 2минути.На патеката (Long) јас се пласирав на 18-то место а Васко беше на 17-то.Стазите не беа многу напорни но проблемот беше во тоа што јас згрешив најмногу на последниот натпревар што беше одржан на (01.05), со тоа што се збунив најмногу на петтата ( 5 ) контролна точка и на неа изгубив цели 19минути.Мислам дека можев да ја завршам стазата и за подобро(пократко време)со тоа што ќе бев подобар од другите но тоа е тоа никогаш не се знае,и се надеваме на подобри резултати на идните натпревари.

Нема коментара:

Постави коментар